Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Жените земјоделки ќе добијат платено отсуство за мајчинство

Жените земјоделки ќе добијат платено отсуство за мајчинство

Скопје, 8. февруари 2023 (ИНПРЕС) – Владата ја донесе Програмата за обезбедување социјална сигурност за жените кои вршат земјоделска дејност, на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

За прв пат досега, со оваа Програма се решава правото на користење на надоместок за мајчинство за време на спреченост на вршење на земјоделската дејност поради раѓање, кое право не е опфатено со прописите за платено породилно отсуство од областа на работните односи на вршителките на земјоделска дејност.

Предвидена е мерка за финансиска поддршка во износ од 81.000 денари за деветмесечен надоместок за мајчинство на жените кои имаат статус на осигуреник индивидуален земјоделец, стекнат согласно Законот за пензиското и инвалидското осигурување, во времетраење од 12 месеци пред раѓање на детето.

Оваа Програма е предложена како времено решение, со цел излегување во пресрет на жените земјоделки, до усогласување системско решение на кое што веќе се работи.

Владата ја донесе и Програмата за финансирање микро земјоделски производители на вино и алкохолни пијалоци за 2023 година.

Со Програмата ќе се реализираат активности за поддршка на субјекти коишто се регистрирани како производители на вино и субјекти коишто се регистрирани како земјоделци – мали производители на жестоки алкохолни пијалаци или субјекти кои се регистрирани како мали дестилерии. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Општина Охрид издвои 600.000 денари за настраданите од земјотресот во Турција и Сирија
Next Казината и обложувалниците ќе треба да бидат на минимум 500 метри оддалеченост од училиштата

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.