Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Топ Вести
  • Жителите на Пештани апелираат да се заврши санацијата на патот кој поминува низ селото

Жителите на Пештани апелираат да се заврши санацијата на патот кој поминува низ селото

1 min read
Жителите на Пештани апелираат да се заврши санацијата на патот кој поминува низ селото

Санакција на пат во село Пештани реакција од граѓани

Охрид, 16. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Читатели на OhridPress од селото Пештани испратија фотографии до нашата редакција од состојбата во која се наоѓа патниот правец Охрид-Св. Наум, на потегот кој поминува низ селото.

Велат дека состојбата е непроменета цел месец и дека се гушат во прашина со секој поминат автомобил на овој фреквентен патен правец, кој води кон границата со соседна Албанија, но и бројните туристички места на овој потег на Охридското Езеро.

– Станува збор за потегот од црквата „Св. Богородица“, па се’ до излезот од селото. Значи целиот потег на селото е зафатен. Асфалтот е изгребан, направени се подготовките, но така остана веќе еден месец, велат во дописот.

Овој зафат е дел од реконструкцијата на регионалниот пат 1301, кој води од Охрид до Свети Наум, која започна на 24-ти октомври 2023 година. На делницата која е завршена е извршено парцијално проширување на коловозот на поголемите кривини, а на дел е извршено и тампонирање.

Овој патен правец беше во исклучително лоша состојба и е едно од главните барања на граѓаните за проширување и средување на истиот за да може нормално да се одвива сообраќајот. Води кон селата на овој дел од регионот, манастирот „Св. Наум“, но и кон граничниот премин со соседна Албанија, што го прави особено важен, но и фреквентен, особено во текот на летните месеци. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

Post navigation

Previous Утре ќе биде отворен Изложбениот центар за Белчишкото блато
Next Младите охридски музичарки Лина Николеска, Антица Николоска и Ана Кузманоска ќе настапат на престижниот фестивал „Златна лира“ во Скопје

Слични вести

Второ место и подобрени лични рекорди за пливачите од „Акваспирит“ на „Теута Куп 2026“ во Драч Второ место и подобрени лични рекорди за пливачите од „Акваспирит“ на „Теута Куп 2026“ во Драч

Второ место и подобрени лични рекорди за пливачите од „Акваспирит“ на „Теута Куп 2026“ во Драч

Димитар Димоски е првенец на генерација во ООУ „Братство Единство“ Димитар Димоски е првенец на генерација во ООУ „Братство Единство“

Димитар Димоски е првенец на генерација во ООУ „Братство Единство“

Утре ќе се спроведе теристичка дезинсекција против комарци, пчеларите да преземат соодветните мерки за заштита Утре ќе се спроведе теристичка дезинсекција против комарци, пчеларите да преземат соодветните мерки за заштита

Утре ќе се спроведе теристичка дезинсекција против комарци, пчеларите да преземат соодветните мерки за заштита

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.