Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Започнуваат годинашните Прличеви беседи

Започнуваат годинашните Прличеви беседи

1 min read
Започнуваат годинашните Прличеви беседи

Охрид, 5. февруари 2026 (ИНПРЕС) – Денеска започнува традиционалната манифестација „Прличеви беседи“, со што ќе се одбележи годишнината од смртта на поетот и преродбеник Григор Прличев.

Од 11:45 часот во изложбениот салон ќе биде отворена изложбата на ликовни дела од колекцијата на Центарот за култура „Григор Прличев“

Во 12:00 часот на малата сцена започнува свеченоста посветена на лауреатот на наградата „Григор Прличев“. Предвиден е настап на градскиот хор „Вокс Лихнидос“, обраќања на претставник на Центарот за култура и Општина Охрид, претставување и артистичка изведба на наградената поема „Темна кутија“, врачување на Повелбата за најдобра поема за 2025 и свечено обраќање на лауреатот Братислав Ташковски.

Утре во 09:00 часот ќе биде положено свежо цвеќе пред споменикот на Григор Прличев во училишниот двор на ООУ „Григор Прличев“, во 10:00 часот предвидени се панихида и полагање свежо цвеќе на гробот на Прличев во близина на црквата Св. Богородица Перивлепта.

Од 11:00 часот во Спомен куќата на ловороносецот ќе се одржи настанот „Стихови и звуци за Прличев“ во рамки на кои ќе биде изведена песната „1762 лето“ од страна на Стефани Дудиќ – сопран и Исабела Димовска – мецосопран. Свое обраќање ќе има претставник на Општина Охрид, ќе бидат врачени два примероци од книгата „Јазик и леб“ од Славе Ѓорго Димоски, отпечатена во Брајово писмо, на НУ Библиотека „Григор Прличев“ и Здружението за слепи лица од Охрид, како и врачување на наградите на провонаградените литературни творби на литературниот конкурс на ООУ „Григор Прличев“. По ова предвидено е читање на наградените литературни творби и промоција на книгата „Охридска книжевна историографија“ од проф.д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски.

Во 12:30 часот предвидено е полагање ловоров венец и свежо цвеќе пред спомен-бистата на Прличев пред градската библиотека „Григор Прличев“, по што ќе се обрати Живко Грозданоски, претседател на Друштвото на писатели на Република Македонија.

Од 13:00 часот во Прличевата одаја на Библиотеката „Григор Прличев“ ќе се одржи „Прличева визита“, на која меѓу другото ќе биде доделена наградата за најдобра беседа во чест на Прличев за 2026 на Софија Стојанова.

Вечерта од 19:00 часот ќе се одржи свечената приредба по повод патрониот празник на ООУ „Григор Прличев“ во Центарот за култура „Григор Прличев“.

Годинашните свечености во чест на ловороносецот Прличев ќе бидат заокружени во сабота, 7-ми февруари, со осмото издание на поетскиот караван „Добри гости“, што ќе е одржи во Култ Културен центар. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Мапирани 8 мини – депонии, подигнати 24 м³ кабаст отпад и градежен шут
Next ИЈЗ: Има намалување на бројот на заболени од грип, во Охрид регистрирани 99 случаи и сѐ уште висока активност на вирусот

Слични вести

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“ Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“
1 min read

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“

Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни
1 min read

Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни

На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival
1 min read

На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.