Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Засилени инспекции, најголема контрола на новогодишните пакетчиња

Засилени инспекции, најголема контрола на новогодишните пакетчиња

1 min read

Скопје, 19. декември 2023 (ИНПРЕС) – Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство спроведуваат засилени контроли кај операторите со храна пред претстојните новогодишни и божиќни празници.

Се проверува дали и колку се исполнети општите и посебните услови за безбедност на храната, означувањето и заштитата на потрошувачите од измама. Во овој период, акцент со контролите ставен е на новогодишните пакетчиња за деца при што се контролира рокот на употреба на производите кои ги содржат, како и означувањето.

– Со досега спроведените контроли не се утврдени недоследности од аспект на безбедноста кај оваа категорија производи. Кај некои оператори исклучок е означувањето на задолжителните информации, каде недостасуваат декларации на македонски јазик, соопштија од АХВ.

Како одговорна институција за безбедноста на храната, од АХВ апелираат до граѓаните да бидат одговорни купувачи и храна да купуваат од регистрирани/одобрени објекти кои се под контрола на инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство.

– Секоја недоследност во поглед на безбедноста на храната, граѓаните можат да ја пријават во Агенцијата, лично, телефонски на бесплатниот телефонски број 0800 3 22 22, или електронски на info@fva.gov.mk – соопштуваат од Агенција за храна и ветеринарство. (Крај)

извор: Нова Македонија фото: архива

Post navigation

Previous Предновогодишен книжевен базар на Здружението „Креативна верига“ од Охрид
Next Потпишани договорите за изградба на спортска сала во ОУ „Ванчо Николески“ и нова училишна зграда во ОУ „Кочо Рацин“

Слични вести

Здравје: Вклучете четири намирници во вашата исхрана за поздрави црева Здравје: Вклучете четири намирници во вашата исхрана за поздрави црева
1 min read

Здравје: Вклучете четири намирници во вашата исхрана за поздрави црева

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ
1 min read

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.