Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Маркоски за InPress и Супер радио: Сакам подлабоко да го истражам македонското музичко творештво и контекстот во кој се создавало

Маркоски за InPress и Супер радио: Сакам подлабоко да го истражам македонското музичко творештво и контекстот во кој се создавало

1 min read
Маркоски за InPress и Супер радио: Сакам подлабоко да го истражам македонското музичко творештво и контекстот во кој се создавало

Охрид, 6. мај 2026 (ИНПРЕС) – Негова голема љубов е хармониката, матурант е во Државното музичко училиште „Тодор Скаловски – Тетоец“ од Струга и се подготвува за завршниот концерт.

За младиот и талентиран охридски хармоникаш Бојан Маркоски успехот не е случајност, туку резултат на посветеност и верба во сопствените соништа. На младите им порачува да не се плашат од ризик, да учат и да се надградуваат, бидејќи само така се стигнува до големите остварувања.

Со Бојан разговаравме за подготовките за концертот, настапите, но и идните планови.

InPress: Бојан ти си матурант учиш во Државното музичко училиште (ДМУ) „Тодор Скаловски – Тетоец“ од Струга, па ќе започнеме со она што е најново кај тебе, се подготвуваш за завршниот матурски концерт. Што може да очекува публиката, кој се ќе настапува заедно со тебе?

Маркоски: Како матурант во Државното музичко училиште „Тодор Скаловски” во Струга, навистина во мене преовладува една доза на возбуда за мојот матурски концерт, закажан за 13 мај. Публиката може да очекува една малку поинаква програма, со акцент на македонска музика, но во обработка на нови современи и пристапни аранжмани. На сцената ќе настапам со камерен оркестар кој го сочинуваат, можам навистина да речам врвни музичари, а и мои блиски соработници кои навистина бележат престижни награди низ Македонија  и надвор од неа, Владимир Србиновски, Андреј Наумоски, Димитар Трпеновски, Ѓоко Чеменкоски, Христо Дејкоски, Стефан Чеменкоски, кои ке се погрижат концертот да има посебна енергија.

InPress: Дали програмата ја избра сам или во соработка со професорите и има ли композиција што ти е особено емотивна и ја вклучи во концертот?

Маркоски: Програмата ја подготвував во соработка со професорите, но имав и моја визија што сакав да ја пренесам. Имав за цел да направам спој меѓу традиционалното и модерното, најемотивни ми се оние што се дел од нашето македонско творештво, бидејки од мал сум задоен со него.

InPress: Твоја љубов е хармониката. Од кога свириш, зошто го избра томку овој инструмент, имаше ли некој влијание?

Маркоски: Хармониката е мојата втора најголема љубов уште од мала возраст. Но, секогаш кога зборувам за музиката се навраќам на моето детство – кога мојот прв инструмент беше тапанче што го добив на подарок за роденден од мојот дедо,токму од тука започна мојата огромна љубов кон музиката, тоа беа моите први чекори во ритамот и музичкиот свет. Подоцна сосема природно се пронајдов во хармониката, чиј звук ме освои и стана инструментот преку кој најдобро се изразувам.

InPress: Се сеќаваш ли на првата песна што ја отсвири јавно и имаш ли идол?

Маркоски: Се сеќавам на мојот прв настап со фолклорно друштво, тоа беше еден сплет на ора, но за мене тогаш значеше многу. Тоа беше моментот кога сфатив дека сцената е местото каде припаѓам. Како идоли можам да ги издвојам сите музичари кои ја негуваат македонската музика, а како поединец би го издвоил единствениот маестро Милан Завков, чиј стил и посветеност ми се голема инспирација.

InPress: Веќе подолг период заедно со твојот колега Ѓоко Чеменкоски, неговиот брат Стефан и Христо Дејкоски снимате видеа со обработки на македонски песни. Од каде соработката и дали ќе продолжите и понатаму?

Маркоски: Соработката со Ѓоко, Стефан и Христо дојде сосема природно, нè спиои училиштето и заедничката љубов кон музиката. Почнавме спонтано да снимаме видеа со обработки на наши македонски песни, реакциите беа одлични, што ни даде дополнителен мотив да продолжиме и понатаму со нови проекти и идеи.

InPress: Што би им порачал на младите кои сакаат да се занимаваат со музика или пак да свират на некој инструмент?

Маркоски: На младите би им порачал да работат напорно и да сонуваат големо. Ништо не доаѓа преку ноќ, но со труд, упорност и љубов кон нештото што го прават, сè е возможно. Да не се плашат од ризик, постојано да учат и да се надградуваат, затоа што соништата се остваруваат само ако навистина веруваш во нив, да не се откажуваат и да го следат својот пат.

InPress: Каде се гледаш по матурирањето – студии, настапи, можеби сопствени проекти?

Маркоски: Се гледам на студии во Скопје на музичката академија, но на малку поразличен отсек – етномузикологија. Сакам подлабоко да го истражам македонското творештво и контекстот во кој се создавало, но и активно да настапувам и да работам на сопствени проекти, преку кои ќе се обидам да оставам свој белег во македонската музика. (Крај)

извор: ИнПрес фото: Бојан Маркоски

Post navigation

Previous Монодрамата „Последната ноќ на Јустинијан Први” во понеделник ќе биде изведена во Охрид
Next Утре Ѓурѓовденската литија по 17-ти пат во Струга

Слични вести

Први места за хорот и неколку ученици од ОУ „Братство Единство“ на Регионален хорски и оркестарски натпревар Први места за хорот и неколку ученици од ОУ „Братство Единство“ на Регионален хорски и оркестарски натпревар
1 min read

Први места за хорот и неколку ученици од ОУ „Братство Единство“ на Регионален хорски и оркестарски натпревар

ООУ „Ванчо Николески“ од Лескоец во петок ќе го одбележи патрониот празник ООУ „Ванчо Николески“ од Лескоец во петок ќе го одбележи патрониот празник

ООУ „Ванчо Николески“ од Лескоец во петок ќе го одбележи патрониот празник

Утре Ѓурѓовденската литија по 17-ти пат во Струга Утре Ѓурѓовденската литија по 17-ти пат во Струга
1 min read

Утре Ѓурѓовденската литија по 17-ти пат во Струга

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.