Охрид, 19. јуни 2026 (ИНПРЕС) – Утре во спортската сала „Билјанини извори“ ќе се одржи шестото издание на Меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Ohrid Open 2026“, во организација на Македонската традиционална таеквондо федерација и таеквондо клуботот „Хва Ранг ИТФ“ од Лескоец.
Низ годините прерасна во особено атрактивен натпревар, што привлекува сé повеќе натпреварувачи, а така е и годинава.
Претседателот на федерацијата Марјанчо Лазаревски за InPress и Супер радио информира дека сé е подготвено за натпреварот, пријавени се над 300 натпреварувачи од 9 земји.
Учесниците ќе се натпреваруваат во две дисциплини – форми и борби.
Почетокот на натпреварите е во 09:00 часот, а официјалното, свечено отворање е во 13:00 часот. Влезот за сите посетители ќе биде слободен. Со овој турнир ќе биде заокружен пролетниот дел од натпреварувачка сезона. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
