Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Македонија
  • Мигрантите ја урнаа македонската ограда

Мигрантите ја урнаа македонската ограда

1 min read

Гевгелија, 27. ноември 2015 (ИНПРЕС) – Стотици Мароканци, Алжирци и Пакистанци се обидоа насила да ја пробијат границата меѓу Македонија и Грција, уривајќи дел од жичената ограда на преминот.

Грчката полиција од другата страна стоеше со рацете во џеб, и покрај инцидентот, пишуваат медиумите.

Гневните мигранти фрлаа камења кон македонските полицајци на границата, викајќи „Сакаме во Германија!“ Тие успеаја да урнат околу 30-40 метри од оградата и неколкумина од нив насила претрчаа преку границата, но брзо беа фатени од македонската полиција, која е во полна опрема и вооружена со автоматско оружје.

Околу 1.500 мигранти се заглавени во близина на северниот пограничен грчки град Идомени откако Европа, а по неа и балканските земји, одлучија да ги селектираат мигрантите, дозволувајќи им да преминат само на оние што бегаат од конфликтот во Сирија, Авганистан и Ирак.

Незадоволни од новите ограничувања дел мигранти деновиве си ги зашиваат устите во знак на протест, штрајкуваат со глад, одбиваат да примат хуманитарна помош и порачуваат – „не се враќаме назад“. (Крај)

извор: Мкд.мк фото: архива

Post navigation

Previous Кери, Лавров и Могерини на средба во Белград
Next Дел од оружјето користено во нападите во Париз било произведено во „Застава“ од Крагуевац

Слични вести

Охрид во март го посетиле 13.475 странски туристи, најмногу од Франција, Србија и Турција Охрид во март го посетиле 13.475 странски туристи, најмногу од Франција, Србија и Турција
1 min read

Охрид во март го посетиле 13.475 странски туристи, најмногу од Франција, Србија и Турција

Охридскиот композитор Гоце Гавриловски со специјална композиција по повод јубилејот на „Трио Академико“ Охридскиот композитор Гоце Гавриловски со специјална композиција по повод јубилејот на „Трио Академико“
1 min read

Охридскиот композитор Гоце Гавриловски со специјална композиција по повод јубилејот на „Трио Академико“

Во март во Охрид издадени шест одобренија за градба, во Струга девет, а во  Дебрца две Во март во Охрид издадени шест одобренија за градба, во Струга девет, а во  Дебрца две

Во март во Охрид издадени шест одобренија за градба, во Струга девет, а во  Дебрца две

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.