Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • МОН го објави јавниот повик за парична поддршка за основци и средношколци

МОН го објави јавниот повик за парична поддршка за основци и средношколци

1 min read

Скопје, 19. декември 2023 (ИНПРЕС) – Министерството за образование и наука (МОН) го објави јавниот повик за финансиска поддршка за учениците од основните и средните училишта чии семејства имаат вкупни месечни приходи од нето плата до 50.000 денари.

– Се повикуваат сите ученици во основното и средното образование кои ги исполнуваат следните услови да се пријават на јавниот повик за финансиска поддршка за учениците од основните, односно средните училишта: Да се државјани на Република Македонија; Да се редовни ученици во основното, односно средното образование; Да се ученици чии семејства имаат вкупни месечни приходи од нето плата до 50.000 денари, е наведено во повикот.

Кандидатите треба да се пријават во училиштето во кое ученикот е запишан. При пријавувањето треба да ги пополнат обрасците за:
– основно образование: Пријава на родител/старател поднесувач на барањето, Изјава од другиот родител/старател;
– средно образование: Пријава на родител/старател поднесувач на барањето, Изјава од другиот родител/старател.

Потребни документи:
– Копија од трансакциска сметка на еден родител/старател подносител на пријавата
– Потврда од работодавачот за последно исплатена нето плата на двајцата родители/старатели
– Доколку е дете на починат родител доказ-извод од книгата на умрените и последен чек од пензија
– Доколку е дете од разведени родители доказ-решение од правосилна судска пресуда
– Доколку е дете на родител пензионер доказ –последен чек од пензија
– Доколку е дете на невработен родител доказ- потврда од Агенција за вработување на Република Северна Македонија дека е невработено лице кое не прима паричен надоместок или прима паричен надоместок со наведена сума на паричниот надоместокот
– Изјава од другиот родител/старател за давање согласност, подносител на пријавата да биде таткото/старател, односно мајката/старателка за користење на финансиска поддршка во износ од 1 800 денари за учениците од средното образование, односно 1 200 за учениците во основното образование чие семејство има вкупни месечни приходи од нето плата до 50 000 денари.

Рокот за пријавување е заклучно со 24-ти декември 2023 година. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Неат Алим Шогун: Задоволен сум од работата овие 25 години, за жал има недостаток од чираци
Next Предновогодишен книжевен базар на Здружението „Креативна верига“ од Охрид

Слични вести

Здравје: Вклучете четири намирници во вашата исхрана за поздрави црева Здравје: Вклучете четири намирници во вашата исхрана за поздрави црева
1 min read

Здравје: Вклучете четири намирници во вашата исхрана за поздрави црева

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ
1 min read

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.