Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Охрид, 29. март 2024 (ИНПРЕС) – Не функционираат чешмите долж пешачката патека после мостот кај каналот „Студенчишта“ до Горица.
Читатели на InPress до нашата редакција испратија фотографии за состојбата во која се наоѓаат истите. Кај најголем дел од нив не тече вода, на дел им недостасуваат славините, а дел се искршени.
Граѓаните потенцираат дека Охрид и онака има недостиг од јавни чешми, што особено ќе бидат потребни во периодот што претстои, како за нас така и за туристите, па сега фали уште постоечките да не се во функиција или да се оштетуваат.
Апелираат до надлежните во најскоро време да преземат мерки за санација на чешмите долж оваа особено фрекфентна патека. (Крај)
извор: ИнПрес фото: ИнПрес
