Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Нивото на Охридското Езеро само 6 сантиметри над минимално дозволената кота

Нивото на Охридското Езеро само 6 сантиметри над минимално дозволената кота

1 min read
Нивото на Охридското Езеро само 6 сантиметри над минимално дозволената кота

Охрид, 17. февруари 2025 (ИНПРЕС) – Водостојот на Охридското Езеро деновиве и на само 6 сантиметри над минимално дозволената кота (693,10 м.н.в).

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), езерото е на кота од 693,16 м.н.в, што е за 23 сантиметри под просечното ниво за овој месец (693,39 м.н.в). Температурата на езерската вода, измерена утрово е 8,5 степени и е за 2 степени повисока од просечната.

Трендот на речиси секојдневно намалување на нивото на водата во Охридското Езеро е забележливо од втората половина на јануари, а продолжи и во текот на овој месец.

Со надеж дека одговорните ќе преземат соодветни мерки и нема да ни се случи „Преспанизација“ на Охридското Езеро, на OhridPress продолжува рубриката „До кај сме“ каде секој ден објавуваме по една фотографија од истата локација од процесот на претворање на охридското „Островче“ во полуостров.

Во Охрид денес променливо облачно време со повремени врнежи од дожд кои повремено ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 8. степени.

– Од вторник ќе има постепено разведрување, а од среда времето ќе биде претежно сончево со ниски утрински температури, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес/УХМР

Post navigation

Previous Со хит претставата „Секс, лаги и љубомора“ охридскиот театар во четврток ја започнува новата сезона
Next Неделава ќе се знае дали Владата ќе го прифати предлогот на Комората на трговци за поевтинување на 100 до 200 производи

Слични вести

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“ Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“
1 min read

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“

Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни
1 min read

Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни

На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival
1 min read

На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.