Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Охрид, 26. април 2024 (ИНПРЕС) – Учениците од основните и средните училишта, од понеделник, 29-ти април до 6-ти мај ќе бидат на пролетен распуст.
Оваа година покрај воведувањето на пролетен распуст има промена и во календарот за настава за основците, така што учебната година за нив ќе заврши на 17- јуни, додека средношколците завршуваат на 10-ти јуни.
Од Министерството за образование и наука (МОН), информираа дека училиштата нема да работат на 8-ми мај (среда) поради одржување на парламентарните и вториот круг од претседателските избори. Ден претходно, на 7-ми мај скратени часови и работно време до 11:00 часот ќе има во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес, односно каде се лоцирани гласачки места.
Наставата од двата дена кои поради изборите се неработни (24-ти април и 8-ми мај) ќе бидат одработени во работни денови со подолг престој на учениците во училиштата, во рамки на шестчасовното работно време на наставниците. Скопските ученици треба да надоместат и за пропуштеното од наставата на 30-ти ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
