Охрид, 22. јуни 2026 (ИНПРЕС) – Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид, како организатор, отвори повик за пријавување на учесници за годинашното издание на фестивалот „Охридски староградски средби“.
-Сите заинтересирани ансамбли, хорови, групи и поединци што ги негуваат староградските фолклорни традиции можат да аплицираат, да достават пријава за учество на фестивалот на маил адресата од Центарот за култура: centarzakultura_ohrid@yahoo.com / или по пошта на следнава адреса: НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид, ул. “Македонски Просветители” бр. 4, 6000 Охрид, стои во повикот.
Фестивалот традиционално се одржува во првата половина од месец септември. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
