Охрид, 4. мај 2026 (ИНПРЕС) – Црвен крст Охрид во координација и со поддршка на СВР Охрид, ТППЕ Охрид, ДЗС, ЦУК, а со цел подигање на нивото на подготвеност и координираност за соодветно, навремено и ефикасно делување во случај на несреќи продолжува со увежбување за примена на Оперативните планови за заштита и спасување и плановите за евакуација во образовните установи.
Во таа насока, утре со почеток во 10:00 часот, во ООУ „Св.Климент Охридски“ Охрид ќе се реализира показна вежба за евакуација и спасување според соодветно сценарио за случена несреќа, во која сооодветно ќе делуваат и тимови од надлежните институции.
Активностите имаат за цел подигнување на свесноста и подготвеноста за делување во случај на несреќи, елементарни непогоди и кататастрофи, како на институциите, така и на секој поединец во општеството. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
