Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Почнува уписот во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти

Почнува уписот во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти

1 min read
Почнува уписот во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти

Охрид, 12. јуни 2026 (ИНПРЕС) – Започнуваат уписите на ученици во јавните средни училишта за учебната 2026/2027 година. Ќе има три пријавувања за полуматурантите, две во јуни и едно во август.

Согласно објавениот конкурс, во четирите средношколски центри во Охрид ќе може да се запишат 697 полуматуранти, што е за 86 ученици помалку во однос на ланскиот конкурс.

Во Општинското средно училиште „Свети Климент Охридски“ слободни има 136 места за идните средношколци.

Во СОСУ „Свети Кирил и Методиј“ можат да се запишат 134 ученици од кои 109 во сектор економија, право и трговија и 25 во сектор здравство и социјална заштита.

Во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ има 302 слободни места, во 11 паралелки, според наставните планови и програми за машинство, електротехника и информатички технологии, лични и други услуги, сообраќај, транспорт и складирање. Во РЦСОО „Ванчо Питошески“ во прва година може да се запишат 125 ученици во 5 паралелки и тоа во сектор угостителство и туризам.

Пријавувањето на учениците ќе се врши електронски преку порталот Uslugi.gov.mk со посебна најава за ученици преку сопствените кориснички сметки на schools.mk, по што, потребната документација се доставува до училиштата.

Во јунскиот уписен рок има две пријавувања – првото од денес до 15 јуни и второто на 23 јуни. Во августовскиот уписен рок има едно пријавување што ќе се реализира на 20 август.

Младите од Охрид и околните општини можат да направат добар избор на средно образование, бидејќи од четири средни училишта, три нудат стручна едукација, односно паралелки за профили во повеќе различни струки што се барани на пазарот на трудот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Лани во Охрид се родиле 383 бебиња, регистриран е негативен природен прираст преку целата година
Next Вториот  турнир од Јадранската текбол лига утре во Охрид, ќе учествува и охриѓанецот Димитар Пејчиновски

Слични вести

Охриѓанецот Петар Гавриловски освои втора награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапи во Њујорк Охриѓанецот Петар Гавриловски освои втора награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапи во Њујорк
1 min read

Охриѓанецот Петар Гавриловски освои втора награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапи во Њујорк

Вториот  турнир од Јадранската текбол лига утре во Охрид, ќе учествува и охриѓанецот Димитар Пејчиновски Вториот  турнир од Јадранската текбол лига утре во Охрид, ќе учествува и охриѓанецот Димитар Пејчиновски

Вториот  турнир од Јадранската текбол лига утре во Охрид, ќе учествува и охриѓанецот Димитар Пејчиновски

Лани во Охрид се родиле 383 бебиња, регистриран е негативен природен прираст преку целата година Лани во Охрид се родиле 383 бебиња, регистриран е негативен природен прираст преку целата година
1 min read

Лани во Охрид се родиле 383 бебиња, регистриран е негативен природен прираст преку целата година

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.