Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Промоција на поетската збирка „Сега ти стануваш јас“ од Долорес Атанасова- Лори

Промоција на поетската збирка „Сега ти стануваш јас“ од Долорес Атанасова- Лори

1 min read
Промоција на поетската збирка „Сега ти стануваш јас“ од Долорес Атанасова- Лори

Охрид, 4. август 2023 (ИНПРЕС) – Во Куќата на Уранија во Охрид, вечерва од 20:00 часот ќе биде промовирана петтата поетска збирка на македонската поетеса Долорес Атанасова- Лори, насловена „Сега ти стануваш јас“.

Под издаваштво на „Чудна шума“, промоцијата ќе ја модерира Билјана Црвенковска, а промоторка на збирката ќе биде Ана Голејшка- Џикова.

– Најновиот поетски ракопис „Сега ти стануваш јас“ на поетесата Д. А. Лори, кој доаѓа по успешните поетски книги „Будење во трето лице еднина“, „Со ветрот под рака“, „Небо во кафез“ и „Ќе фатит бран“, ги интригираше читателите кои имаа можност да го посведочат создавањето на книгата преку песните кои авторката ги објавуваше на инстаграм сториња. Песните се создадени за кус временски период, под голем креативен набој. Стерната беше отворена и песните надоаѓаа како што надоаѓа вода и допираат длабоко до свеста на читателот кој гледа како песната се создава и исчезнува пред неговите очи, поради краткотрајноста на објавата, како што минува и животот; денес си, утре не си, пишува Снежана Стојчевска, рецензент на книгата.

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Во Куќата на Робевци вечерва ќе биде отворена изложбата „Антологија 3“
Next Охрид најубав: 4. август 2023 година

Слични вести

Монодрамата „Последната ноќ на Јустинијан Први” во понеделник ќе биде изведена во Охрид Монодрамата „Последната ноќ на Јустинијан Први” во понеделник ќе биде изведена во Охрид
1 min read

Монодрамата „Последната ноќ на Јустинијан Први” во понеделник ќе биде изведена во Охрид

Утревечер завршен матурски концерт на младиот охридски музичар Ѓоко Чеменкоски Утревечер завршен матурски концерт на младиот охридски музичар Ѓоко Чеменкоски
1 min read

Утревечер завршен матурски концерт на младиот охридски музичар Ѓоко Чеменкоски

Здравје: Кој леб треба да го изберете ако имате висок крвен притисок? Здравје: Кој леб треба да го изберете ако имате висок крвен притисок?
1 min read

Здравје: Кој леб треба да го изберете ако имате висок крвен притисок?

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.