Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Расчитена уште една дива депонија, овојпат во Љубаништа

Расчитена уште една дива депонија, овојпат во Љубаништа

Охрид, 21. август 2023 (ИНПРЕС) – Екипи на ЈП „Охридски комуналец“ изминатиов период се справуваат со расчистување на диви депонии, што благодарение на несовесни граѓани никнаа на повеќе локации.

Последно се интервенираше во селото Љубаништа, а подигната се 12 м³ расфрлана непотреблива покуќнина, зелен отпад и градежен шут.

– Сликите со кои секојдневно сме соочени на секој чекор, во секоја урбана заедница и приградска населба, претставуваат проблем во реализирање на нашите редовни активности. Од непотребната покуќнина и зелен отпад, несовесни граѓани се ослободуваат расфрлајќи го отпадот насекаде, огрдувајќи ги јавните површини и не помислувајќи за последиците и целокупната хаотична слика по околината, велат од претпријатието.

Претходно се расчисти дива депонија во Трпејца, беше подигнат расфрлан кабаст и зелен отпад и градежен шут на просторот на поранешната Касарна, а слична слика комуналните екипи затекнаа и на неколку улици во централното градско подрачје. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Апел за помош на младиот Леонид
Next Во Охрид денес сончево и многу топло време со умерена облачност и температура до 33. степени

Слични вести

Здравје: Вклучете четири намирници во вашата исхрана за поздрави црева Здравје: Вклучете четири намирници во вашата исхрана за поздрави црева
1 min read

Здравје: Вклучете четири намирници во вашата исхрана за поздрави црева

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ
1 min read

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.