Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Русија финансиски ќе и помогне на Грција да се вклучи кон гасоводот

Русија финансиски ќе и помогне на Грција да се вклучи кон гасоводот

Атина/Москва, 18. април 2015 (ИНПРЕС) – Русија планира да ѝ плати на Грција голем аванс од повеќе милијарди долари од идната добивка од работењето на гасоводот, кој ќе го пренесува рускиот гас преку Турција и Грција до остатокот од Јужна Европа, објави германското списание Шпигл.

Енергетскиот договор може да биде потпишан уште во вторник следната недела, се вели во написот, во кој се цитира висок извор во грчката влада. Наведените бројки се движат од 3 до 5 милијарди долари.

Тоа било детално разговарано во текот на посетата на грчкиот премиер Алексис Ципрас во Москва минатата недела, вели Шпигл. Претходно грчки и руски официјални лица изјавија дека потпишувањето на енергетскиот договор со кој Грција би се приклучила на проектот за Турскиот тек е прашање на денови, но не беа дадени и точниот датум и конкретни услови.

Парите од Русија, кои Грција ќе треба да ги врати по профункционирањето на гасоводот некаде во 2019 година, ќе ѝ помогнат на земјата да се справи со заканувачкиот национален банкрот.

Новата грчка влада е во мачни преговори со Германија и со Меѓународниот монетарен фонд да обезбеди дополнителни кредити за да ѝ се помогне на нејзината економија. (Крај)

извор: МКД.мк фото: архива

Post navigation

Previous Три лица починаа од салмонела во Дом за стари лица кај Чачак
Next Утре ќе се потпише договор меѓу Грција и Русија за гасоводот “Турски поток”

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.