Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Светски ден на бубрегот – меѓу 1.300 и 1.600 лица во Македонија со потреба од хроничен третман на хемодијализа

Светски ден на бубрегот – меѓу 1.300 и 1.600 лица во Македонија со потреба од хроничен третман на хемодијализа

1 min read

Скопје, 9. март 2023 (ИНПРЕС) – Oсум до 10 отсто од општата популација има одреден степен на хронична бубрежна болест. Во раните стадиуми, болеста е без симптоми, доаѓа тивко и пациентите воопшто не знаат дека ја имаат.

Лекарите препорачуваат редовни превентивни прегледи со кои може да се открие болеста уште во раните стадиуми и со тоа да се спречи нејзината прогресија.

Во нашата држава, бројот на пациенти кои имаат потреба од хроничен хемодијализен третман се движи меѓу 1.300 до 1.600 лица.

Светски ден на бубрегот – Kurir.mk

„Статистичките податоци од 2021 година укажуваат дека кај нас има околу 1.390 пациенти на  хемодијализа“, вели Рамбабова-Бушљетиќ, директорка на Клиниката за нефрологија.

Освен на Клиниката за нефрологија, каде секојдневно се третираат пациенти кои одат на дијализа, хемодијализен третман се врши и во уште неколку центри за дијализа низ државава, како што се „Диаверум“, „Нефроплус“ и „Диамес“, Заводот за нефрологија во Струга, а центар за дијализа има и во Градската општа болница „8 Септември“.

Можно е да е слика од еден или повеќемина, чевли на штикла и текст кој вели „201090 -2023 20; 2003- UHU HEcOPOH здружение лни грагани PAÍA светски ден на бубрегот un здрави бубрези за сите "подготовка за неочекувани ситуации, поддршка на ранливите лица" 2023 март“

За трансплантација чекаат од 130 до 160 пациенти

Листата за чекање за трансплантација на бубрег се движи од 130 до 160 пациенти, но оваа бројка, како што нагласува директорката на Клиниката за нефрологија, е променлива, бидејќи постојано се врши обновување на испитувањата на потенцијалните приматели на бубрег.

Досега во земјава извршени се трансплантации кај 250 пациенти, а најголем број вакви интервенции од починат донор извршени се во 2021 година.

Значајно е дека 2021 е година со најголем број на изведени трансплантации од починат дарител (16), во услови на функционирање на здравствениот систем во ковид – пандемија. Во периодот од 2020 до 2022 година, направени се вкупно 62 трансплантации на бубрег. Од вкупниот број, 30 се бубрези добиени од починат дарител, појаснува Рамбабова Бушљетиќ.

Во март традиционално се одбележува Светскиот ден на бубрегот

Од 2006 година, традиционално секоја година, во вториот четврток од март се одбележува Светскиот ден на бубрегот под различно мото со цел да се нагласат најзначајните проблеми со кои се соочуваат пациентите со бубрежни заболувања, но и да се разговара за превенцијата. Годинашното мото е „Здрави бубрези за сите. Да го очекуваме неочекуваното – да ги заштитиме најранливите!“.

Во рамки на денешното одбележување на Светскиот ден на бубрегот најавени се настани во организација на Клиниката за нефрологија во Скопје и на Здружението на бубрежно болни граѓани „Нефрон“. (Крај)

извор: Телма фото: архива

Post navigation

Previous Обука за млади демонстратори по прва помош
Next Лазаревски: Македонската Традиционална Таеквондо Федерација е прва федерација со седиште во Охрид, ќе работиме на уште поголема популаризација на овој спорт

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.