Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Се одрона дел од ѕидот кај археолошкиот локалитет „Манчевци“, се преземаат мерки за правење потпорен ѕид

Се одрона дел од ѕидот кај археолошкиот локалитет „Манчевци“, се преземаат мерки за правење потпорен ѕид

1 min read
Се одрона дел од ѕидот кај археолошкиот локалитет „Манчевци“, се преземаат мерки за правење потпорен ѕид

Охрид, 4. февруари 2026 (ИНПРЕС) – Неодамнешните врнежи од дожд предизвикаа одрон на дел од ѕидот кај археолошкиот локалитет „Манчевци“ во стариот дел на градот.

Директорот на охридскиот Завод и Музеј, Горан Патчев, за Супер радио и InPress вели дека нивна екипа ја санира состојбата. Ископот пак направен кај локалитетот е согласно одобрение за археолошки истражувања и во тек е преземање на мерки за тука да се направи потпорен ѕид.

Патчев додава дека биле во контакт биле со сопствениците за заеднички да се реши проблемот, а известено било и министерство за култура и туризам на Република Македонија.

Локалитет „Манчевци“, како туристичка атракција во Охрид, е делумно истражен во текот на 2007 година при што се отстранети два објекти. По извршените археолошки ископувања на овој археолошки локалитет во старото градско јадро на Охрид, констатирана е ранохристијанска базилика од која се откриени делови од северниот и централниот кораб, кога се истражени околу 200 м². Локалитетот се наоѓа во близина на катедралната црква Света Софија, на потегот кон Античкиот театар, во густо населен дел на стариот град и најверојатно се протега и под околните куќи.

Базиликата, која е една од деветте во градот и потекнува од периодот на IV-V век од нашата ера, има прилично зачуван поден мозаик со декоративен аранжман што бил карактеристичен за IV и V век. Како особено значајно се издвојува мозаичното поле со донаторски натпис во кој се спомнуваат Тома и Јован кои веројатно го изградиле објектот. Исто така, беа откриени фрагменти од фреско-живопис во долните партии на ѕидовите. Во текот на археолошките ископувања откриени се и мошне значајни елементи и фрагменти од мермерна градежна и декоративна пластика.

Проектотот за конзервација и презентација на откриените структури од базиликата, на локалитетот се одвиваше во континуитет неколку година по ред, а реализацијата на планираните активности ја спроведуваше НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид. При конзервацијата се користеа автентични материјали, водејќи сметка за опусот на ѕидаријата. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Во петок подигнување на селектиран отпад на неколку охридски улици
Next Документарниот филм „Приказната за Силјан“ следната среда премиерно во Охрид

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.