Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Следната средба меѓу Вучиќ и Курти ќе се одржи на 18-ти март во Охрид

Следната средба меѓу Вучиќ и Курти ќе се одржи на 18-ти март во Охрид

1 min read

Скопје/Охрид, 3. март 2023 (ИНПРЕС) – Следната средба на лидерите на Србија и Косово во рамки на дијалогот ќе се одржи во Охрид на 18-ти март, потврди за Радио Слободна Европа официјален претставник на Европската Унија.

Ова ќе биде средба на која лидерите ќе разговараат за планот за имплементација кој е составен дел на европскиот предлог, кој сега се нарекува Спогодба за патот кон нормализација на Србија и Косово.

Посакуваното сценарио за европската страна е ова да биде средба на која лидерите ќе договорат анекс на планот кој вклучува јасен календар за тоа кога треба да се исполнат сите елементи од европскиот договор, пишува РСЕ.

Дискусијата за овој предлог се смета за затворена за европската страна, откако српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти на средбата на 27 февруари во Брисел го договорија текстот на предлогот.

Во Брисел сметаат дека без анексот за имплементација, кој се смета за составен дел на договорот, европскиот предлог би претставувал само „политичка декларација, без никаква правна или политичка обврска за страните“.

Европската страна планира, во случај на договор, и во однос на имплементацијата, да се потпишат и двата „неразделни“ дела кои го сочинуваат истиот документ.

Европските претставници очекуваат тензични разговори, особено во однос на Заедницата на општини со српско мнозинство во Косово, што се смета за клучен елемент на дискусијата.

Претставниците на ЕУ нагласуваат дека не сакаат да му наметнат на Косово модел кој досега не бил тестиран. Во оваа насока, тие тврдат дека веќе постојат околу 16 европски модели кои би послужиле како пример за Заедницата во Косово и велат дека сите овие модели функционираат во одредени европски земји, пишува РСЕ. (Крај)

извор: Опсервер фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Тренчевска: „Во мојот свет“ секогаш ме изненадува со современа опрема и со приказни за успешно променета состојба на децата со попреченост
Next Крводарителска акција во СВР Охрид

Слични вести

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил
1 min read

Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил

Со повеќе активности охридскиот Црвен крст ќе го одбележи Светски ден и неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина Со повеќе активности охридскиот Црвен крст ќе го одбележи Светски ден и неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина
1 min read

Со повеќе активности охридскиот Црвен крст ќе го одбележи Светски ден и неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.