Охрид, 23. август 2023 (ИНПРЕС) – Денес стартува второто издание на Меѓународниот ракометен турнир „Крсте Андоновски“, под покровителство на Општина Охрид.
Ќе трае до сабота, учествуваат осум екипи, меѓу кои учесници во Лигата на шампиони и СЕХА лигата, како и актуелни шампиони на своите држави, распоредени во две групи. Покрај домаќините ГРК Охрид, на турнирот учествуваат и ракометните клубови Еурифарм Пелистер, Бутел, Голден Арт, Бешикташ, Олимпијакос, Металопластика и Татран Прешов.
Натпреварите ќе се играат во четири термини 11:00, 13:15, 18:00 и 20:15 часот.

Карта за еден меч чини 100 денари, а блок карти за целиот турнир 500 денари. Истите ќе можат да се купат на билетарата при спортската сала „Билјанини извори“.
Снимки од натпреварите ќе се емитуваат секој ден на МТВ 3, после 22:00 часот. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
