Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Струшката Општа болница доби нов современ мамограф

Струшката Општа болница доби нов современ мамограф

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Струга, 10. февруари 2023 (ИНПРЕС) – Струшката Општа болница доби нов, современ мамограф за рано откривање рак на дојка.

Во просек, 2-4 скрининг мамографии од секои 1000 покажуваат рак на дојка, а само 8-10 % од нив завршуваат на биопсија, истакна директорот на болницата д-р Арменд Арслани.

– Во соработка со Министерството за здравство, успеавме да обезбедиме еден од најсовремените апарати мамограф, кој е исклучително важен при раната дијагноза на малигните болести на дојката. Мамографот е современ со ниска доза на зрачење, со контролирана компресија и поголема резолуција на графии, додаде д-р Арслани и потенцира дека на овој начин ќе се овозможат поквалитетни здравствени услуги за пациентите од целиот југозападен регион.

Можно е да е слика од 2 луѓе и внатре

Министерот за здравство Беким Сали истакна дека скринингот е бесплатен и е важен за навремено откривање на сите промени регистрирани во организмот и ги повика сите жени од регионот да се пријават.

– Новитет во оваа програма годинава е дека сите случаи кои можат да бидат позитивни нема потреба да се враќаат кај матичните лекари за понатамошните испитувања, туку во самиот систем се упатуваат на повисоко ниво, а по потреба и на хирушка интервенција до Клиника за торакална хирургија, рече Сали.

Општата болница во Струга е една од 14-те јавни здравствени установи во Македонија што добија современа опрема за дијагностика преку Министертсвото за здравство во соработка со Светска банка. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous МВР: Не наседнувајте на лажни електронски пораки во име на МВР, станува збор за обид за измама во меѓународни рамки
Next Се реконструира музејот „Доктор Никола Незлобински“

Слични вести

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“ Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“
1 min read

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“

Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни
1 min read

Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни

На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival
1 min read

На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.