Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Течат подготовките за матурската парада, ќе се одржи на 21-ви мај

Течат подготовките за матурската парада, ќе се одржи на 21-ви мај

1 min read
Течат подготовките за матурската парада, ќе се одржи на 21-ви мај

Охрид, 27. април 2026 (ИНПРЕС) – Течат подготовките за годинашната матурска парада, што ќе се одржи на 21-ви мај точно напладне, на градскиот плоштад.

На овој, веќе традиционален настан ќе учествуваат околу 350 матуранти од сите охридски средни училишта кои ќе го изведат танцот „Квадрил” од Штраусовата опера „Лилјакот”.

И годинава за подготовките и сé да изгледа онака како што доликува се грижи професорката м-р Катерина Стојаноска.

– Подготовките за квадрилот течат во најдобар ред. Обучени се сите матуранти, ни преостануваат само уште заедничките проби кои ќе се одржат во наредниов период. Овој настан го симболизира преминот од средно образование кон нови животни предизвици и испраќа порака за мир и толеранција, вели за InPress и Супер радио професорката Стојаноска.

Заедно со нашите матурани,во исто време ќе танцуваат и нивните врсници од неколку македонски градови, но и од градови во Европа.

„Квадрил” е класичен танц што потекнува од 18. век и се изведува во четири слики: панталон, ете, пасторел и финале.

Матурската парада е покрената во 2001 година во Словенија, а нејзин идеен творец е Томаж Амброж од танцовата школа „Уршка” во Љубљана. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Од следниот понеделник започнуваат уписите на првачиња
Next Дел од централното градско подрачје утре без вода поради сервисирање на мрежата

Слични вести

Лани во Охрид се родиле 383 бебиња, регистриран е негативен природен прираст преку целата година Лани во Охрид се родиле 383 бебиња, регистриран е негативен природен прираст преку целата година
1 min read

Лани во Охрид се родиле 383 бебиња, регистриран е негативен природен прираст преку целата година

Охрид во април го посетиле 20.523 странски туристи, најмногу од Германија, Србија, Турција и Франција Охрид во април го посетиле 20.523 странски туристи, најмногу од Германија, Србија, Турција и Франција
1 min read

Охрид во април го посетиле 20.523 странски туристи, најмногу од Германија, Србија, Турција и Франција

Од понеделник комуналниот отпад ќе се подига од 06:00 часот Од понеделник комуналниот отпад ќе се подига од 06:00 часот

Од понеделник комуналниот отпад ќе се подига од 06:00 часот

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.