Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Унгарија ја повлекува бодликавата жица на границата со Словенија

Унгарија ја повлекува бодликавата жица на границата со Словенија

1 min read

Будимпешта, 26.септември 2015 (ИНПРЕС) – Словенечкиот министер за надворешни работи Карл Ерјавец изјави во петокот дека Унгарија од границата со Словенија веќе ја повлекува оградата и бодликавата жица којашто започна да ја поставува во четвртокот, како и дека тоа е резултат од состанокот кој во четвртокот во Будимпешта со претставниците на унгарските власти го имала словенечката амбасадорка во оваа земја.

-Унгарија ќе ја повлече бодликавата жица од границата, многу сме задоволни и очигледно е дека нашите дипломатски напори беа успешни, изјави шефот на словенечката дипломатија Карл Ерјавец за словенечката државна телевизија.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан претходно во петокот на прес-конференцијата во австриската престолнина Виена о средбата со австрискиот канцелар Вернер Фајман го коментираше и незадоволството на Словенија од поставувањето на оградата и засиленото присуство на војска и полиција по должина на унгарско-словенечката граница, велејќи дека оградата е поставена само во случај на наидување на поголем број имигранти и дека кон Словенија нема да бидат поставени бариери како кон Србија и кон Хрватска, бидејќи Словенија е во Шенгенскиот простор.

-Оградата којашто е поставена кон Словенија е мобилна и може да биде демонтирана во рок од ден-два, рече Орбан.(Крај)

извор:Макфакс фото:архива

Post navigation

Previous Милановиќ: Србија да функционира како држава, а не како територија
Next Хрватскиот парламент се самораспушти, парламентарни избори до крајот на ноември

Слични вести

Штандот на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски” избран за најдобар меѓу стручните училишта на „МАССУМ 2026“ Штандот на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски” избран за најдобар меѓу стручните училишта на „МАССУМ 2026“

Штандот на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски” избран за најдобар меѓу стручните училишта на „МАССУМ 2026“

Куна белка (Martes foina) – нов евидентиран посетител во Лескоечка Пештера Куна белка (Martes foina) – нов евидентиран посетител во Лескоечка Пештера
1 min read

Куна белка (Martes foina) – нов евидентиран посетител во Лескоечка Пештера

Бронзен медал за Кети Јоноска од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ на ROBOMAC JUNIOR 2026 Бронзен медал за Кети Јоноска од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ на ROBOMAC JUNIOR 2026
1 min read

Бронзен медал за Кети Јоноска од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ на ROBOMAC JUNIOR 2026

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.