Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Упокојување на Свети Климент Охридски

Упокојување на Свети Климент Охридски

1 min read
Упокојување на Свети Климент Охридски

Охрид, 27. јули 2023 (ИНПРЕС) – На денешен ден, 27-ми јули во 916 година во Охрид се упокоил Свети Климент Охридски, средновековен писател и педагог, основоположник на Охридската книжевна школа, прв словенски епископ во Македонија, патрон на градот Охрид и на Македонската православна црква. Роден е околу 830-840 година.

Свети Климент Охридски е македонски светец и еден од учениците на светите Кирил и Методиј кој учествувал во извршувањето на Моравската мисија. По смртта на Методиj, бил истеран од Панонија од Германите и заедно со Наум и Ангелариј побарале спас во тогашна Бугарија.

По барање на бугарскиот цар Борис I оди во Охрид (административно регионот во тогашното царство бил познат како Кутмичевица), каде во 886 година ја формира Охридската книжевна школа или попозната како Прв словенски универзитет, од кој излегле 3.500 ученици.

Св. Климент бил и првиот Епископ Словенски со титула Епископ Велички. Во чест на светецот, во Македонија и во Бугарија многу училишта, улици и државни институции го носат неговото име. Најголемата црква во Скопје, Соборниот храм, го носи името на свети Климент, универзитетот во Битола, Софискиот државен универзитет и Националната и универзитетска библиотека на Македонија го носат неговото име.

Најголемиот дел од моштите на св. Климент се чува во Македонија, во Плаошник, а покрај нив, во Македонија има мошти на св. Климент во Бигорскиот манастир, во Митрополијата во Битола, во црквата Рождество на Пресвета Богородица во Скопје, во црквата Св. Климент Охридски во Скопје и во Поречкиот манастир.

Во црквата на Светите Седмочисленици во Софија, во Бугарија, има дел од моштите со големина на нокот, а во црквата Св. Кирил и Методиј во Пловдив има честица од моштите кои се подарок од МПЦ-ОА во 2008 година. Неговиот череп се чува во манастирот Св. Јован Претеча кај Бер (Верија), во Егејска Македонија.

Черепот го зеле двајца монаси за време на пренесувањето на моштите на светецот од охридската црква Св. Пантелејмон, која Турците ја претвориле во џамија, во црквата Мал Св. Климент, а потоа во црквата Св. Богородица Перивлепта. Монасите ја однесле главата во манастирот во Бер, во кој св. Климент Охридски станал монах.

Во 1970-тите, една честичка од моштите била однесена и во Рим.

Покрај црковните и педагошките дејности, особено учителско-проcветителските, Климент развил и богата книжевна дејност. Автор е на многу поучни и пофални зборови. Во неговото творештво преовладуваат поучителните слова кои се однесуваат на општохристијанските светители: св. Ѓорѓи, св. Тома, св. Антониј, потоа слова посветени на Богородица и слова посветени за настаните од животот на Исус Христос.

извор: МИА фото: архива

Post navigation

Previous Во Охрид денес сончево време со облачност во утринските часови и температура до 26. степени
Next Денот на Републиката, 2-ри август – Илинден е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.