Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Утре акција за собирање текстилен отпад

Утре акција за собирање текстилен отпад

1 min read
Утре акција за собирање текстилен отпад

Охрид, 26. февруари 2026 (ИНПРЕС) – Нова акција за собирање текстилен отпад.

Граѓаните во текот на утрешниот ден ќе може да ја остават старата облека во специјалните контејнери поставени на неколку локации.

– Овој петок ќе имате можност уредно да ја одложите старата облека во контејнерите на Тексомак, поставени на неколку локации: задниот двор на Ohrid Mall, дворовите на Гимназијата, СОСУ „Кирил и Методиј“ и ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ како и во дворовите на основните училишта „Григор Прличев“, „Св. Наум Охридски“ – Пештани и „Ванчо Николески“ – Лескоец. Одлагањето во дворовите на основните и средните училишта ќе биде возможно во рамките на работното време. Напомена: Не се одлагаат стари обувки, чанти, итн, информираат од ЈП „Охридски комуналец“.

Според најавите вакви собирни акции ќе има секој  последен петок од месецот.

Текстилниот отпад е еден од најбрзорастечките видови отпад денес, а само околу 12% од целиот текстилен отпад се рециклира. Облеката што ја носиме сè пократко најчесто завршува на депонии и ѓубриштата, наместо повторно да се користи. Таму, текстилот се распаѓа многу бавно (до 200 години за синтетичките материјали), при што ослободува метан, гас што придонесува за климатските промени, како и исцедок што ја загадува почвата и подземните води со токсични материи. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Прекин во водоснабдувањето на улица „Прилепска“
Next Јосифоски: Oчекуваме од 250 до 300 учесници на „Охрид Опен 2026“, теквондото моментално е број еден спорт во Република Македонија

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.