Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Утре и задутре запишување на бруцоши на ФТУ, според прелиминарната листа пријавени се 79 средношколци

Утре и задутре запишување на бруцоши на ФТУ, според прелиминарната листа пријавени се 79 средношколци

1 min read

Охрид, 30. август 2023 (ИНПРЕС) – Комплетиран првиот уписен рок на охридскиот Факултет за туризам и угостителство (ФТУ).

Прелиминарната ранг листа со 79 пријавени кандидати е објавена, а уписот ќе се реализира утре и задутре, 31-ви август и 1-ви септември, во периодот од 08:00 до 16:00 часот. Пријавени се и пет кандидати за дошколување.

Според прелиминарната листа најмногу средношколци се пријавиле на насоката царина и шпедиција (20 во државна квота, 1 вонреден и 1 со специјални услови, 20 има на насоката менаџмент во услужен сектор, следи гастрономија со 12, осигурување и менаџмент со ризик 10, туризам со 9 и хотелско – ресторантски менаџмент со 6 пријавени кандидати.

Согласно конкурсот слободни места има на сите насоки, што ќе се пополнуваат во вториот уписен рок е на 6-ти и 7-ми септември или на третиот, на 22-ри септември.

УКЛО, во чии рамки е и охридскиот ФТУ и во новата академска година го стимулира уписот на најдобрите. На секоја единица на Универзитетот, од сите студиски програми заедно, на три најдобро рангирани кандидати, ќе им бидат рефундирани средствата од плаќање партиципација за првиот семестар од првата година на студии. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Со промоција на зборникот „Шопов на 11 јазици“ завршува 56. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ
Next Два дена музичко уживање, време е за Ohrid Jazz Festival

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.