Охрид, 12. мај 2026 (ИНПРЕС) – Утре отворен ден во РЦСОО „Ванчо Питошески“ во Охрид.
Деветтодделенците ќе имаат можност да се запознаат со образовните профили, практичната настава, условите за запишување, креативноста и талентот на сегашните ученици, како и воннаставните активности.
– Ќе можете да дегустирате специјалитети подготвени од учениците, да се информирате за образовните профили и можностите за идна кариера, да ја почувствувате атмосферата на училиштето и духот на угостителството. Ве очекуваме заедно да создадеме вкусни спомени и инспирација за идните генерации. Вашата иднина започнува тука, порачуваат од училиштето.
Отворениот ден ќе се одржи во училишниот двор со почеток во 11:00 часот. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
