Охрид, 21. април 2026 (ИНПРЕС) – Поради поставување на нов вентил со профил ф300 мм, утре, 22 април, ќе има прекин во водоснабдувањето на неколку улици.
– Прекинот ќе биде од 08:00 часот до завршување со активностите, а се однесува на улиците: „15.корпус“, дел од „7 ноември“ , „Живко Чинго“, „Рашанец“ село Лескоец и дел од „Кленоец“ од пресекот со улицата „7 ноември“ до пресекот со улицата „Железничка“, информираат од ЈП „Водовод“ Охрид. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
