Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Хрватска излегува од договорот за арбитража со Словенија

Хрватска излегува од договорот за арбитража со Словенија

1 min read

Загреб, 27.јули 2015 (ИНПРЕС) – Хрватскиот премиер Зоран Миловановиќ изјави дека неговата земја излегува од договорот за арбитража со Словенија за границата во Пиранскиот залив.

-Хрватска не може да остане во договорот за арбитража. Постапката е контаминирана. Хрватска излегува од договорот според прецизни правила на меѓународното право. Тоа е процедура која ја спроведува Владата и министерството за надворешни работи. Од Собранието бараме согласност за да излеземе од овој договор, изјави Миловановиќ.

Скандалот околу договорт за арбитража меѓу Хрватска и Словенија за границата во Пиранскиот залив изби во средата, откако хрватските медиуми објавија транскрипт и аудио запис кои покажуваат како словенечкиот член на арбитражниот суд Јернеј Соколец и Симона Дреник, словенечки дипломат, договараат изнесување аргументи и лобирање кај другите судии во Постојаниот суд за арбитража во Хаг за постапката околу границата меѓу Словенија и Хрватска. Словенија смета дека и припаѓа целиот залив.(Крај)

извор:Телма фото:архива

Post navigation

Previous Еден мигрант убиен, еден повреден на дрпската граница со Унгарија
Next Грција започна преговори со доверителите

Слични вести

30 дневен притвор за поранешниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини 30 дневен притвор за поранешниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини
1 min read

30 дневен притвор за поранешниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини

Прво место за најдобар штанд за учениците од РЦСОО „Ванчо Питошески“ на „Образовно рандеву МАССУМ 2026“ Прво место за најдобар штанд за учениците од РЦСОО „Ванчо Питошески“ на „Образовно рандеву МАССУМ 2026“
1 min read

Прво место за најдобар штанд за учениците од РЦСОО „Ванчо Питошески“ на „Образовно рандеву МАССУМ 2026“

Продолжува програмата за одбележување на годишнината од смртта на Христо Узунов Продолжува програмата за одбележување на годишнината од смртта на Христо Узунов
1 min read

Продолжува програмата за одбележување на годишнината од смртта на Христо Узунов

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.