Охрид, 1. јуни 2026 (ИНПРЕС) – Општина Охрид традиционално и годинава во рамки на одбележувањето на 5-ти јуни, Светскиот ден на животната средина, ќе го реализира проектот „Цветни балкони-Цветен Охрид“.
Во рамките на овој проект ќе бидат поделени 400 жардиниери со саксиско цвеќе на жителите кои живеат на следните улици: „Прилепска“, „Винковачка“, „Будва“, „Радојца Новичиќ“ и „Кленоец“.
Акцијата ќе се реализира во четврток, на 4-ти и петок, 5-ти јуни.
Граѓаните од гореспоменатите улици кои се заинтересирани за жардинери со цвеќе, истото ќе можат да го подигнат во расадникот на ЈП „Охридски Комуналец“ во Охрид во периодот од 09:00 до 13:00 часот. Со себе да носат копија од лични документи (лична карта или пасош) за идентификација од кои ќе биде видлива адресата на живеење. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
