Охрид, 14. април 2026 (ИНПРЕС) – Сребрен медал од неодамнешниот меѓународниот турнир во олимписко теквондо „Скопје Опен“ е најновиот трофеј во витрината на младиот охриѓанец Ненад Целески.
Таеквондо тренира полни 10 години, од својата шеста година, следејќи ги стапките на својот татко. Со дисциплина, тренинзи, љубов и посветеност постигнува завидни резултати на домашната, но и меѓународната теквондо сцена – лани беше Балкански шампион во категоријата јуниори +78 килограми на првенство во Бугарија.
Во разговор за InPress ги сподели впечатоците и значењето на учеството на последниот турнир „Скопје Опен“, како и за идните планови.
InPress: Со каква конкуренција се соочи на овој турнир, кои ти беа противниците?
Целески: Конкуренцијата беше силна, сепак е Г1 турнир, имаше натпреварувачи од 40 земји кои собираат поени за олимписка норма, меѓу кои и 15 олимпијци. Првото коло, поради подобар ранкинг, бев слободен, во следната борба противникот ми беше од Турција кој го победив 2:0,а во финалето пораз од противникот од Романија. Голема улога во поразот имаше и повредата која ја имав пред еден месец, скинато мускулно влакно, заради кое морав да одмарам 2 недели, а потоа и физикална терапија за целосно закрепнување.

InPress: Што значи за тебе учеството на турнир од ваков висок ранг?
Целески: Со учеството на ваков турнир стекнувам поголемо искуство со поискусни противници, а исто така и ми носи поени за подобар европски и светски ранкинг.
InPress: Предвидени натпревари за следниот период?
Целески: Следни натпревари ни се Скопје Опен на 9 мај кој е дел од Македонската таеквондо лига, потоа Меѓународниот Ulcinj Trophy во Црна Гора и Hereya Open во Бугарија кој е од Е-6 ранг и исто така носи поени за европски и светски ранкинг. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
