Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • ЈП „Билјанини извори“: Сечењето на дрвата кај каналот „Студенчишта“ е од безбедносни причини

ЈП „Билјанини извори“: Сечењето на дрвата кај каналот „Студенчишта“ е од безбедносни причини

1 min read
ЈП „Билјанини извори“: Сечењето на дрвата кај каналот „Студенчишта“ е од безбедносни причини

Охрид, 15. мај 2026 (ИНПРЕС) – Aктивностите поврзани со сечењето на дел од дрвата во просторот на каналот „Студенчишта“ се преземени исклучиво од безбедносни причини, врз основа на соодветно одобрение за сечење, информираат од ЈП „Билјанини извори“.

Нагласуваат дека ова е одговорна постапка во ситуација кога безбедноста мора да биде приоритет.

– Станува збор за дрва кои поради својата состојба и местоположба претставуваа реална опасност за пловните објекти, како и за безбедноста на граѓаните кои се движат, работат или престојуваат во тој дел од каналот. Интервенцијата не е преземена произволно, ниту со намера да се наруши зеленилото, туку како неопходна мерка за спречување на можни штети, несреќи и загрозување на човечки животи. ЈП „Билјанини извори“ целосно ја разбира чувствителноста на јавноста и на еколошките здруженија кога станува збор за сечење на урбаното зеленило. Токму затоа сакаме јасно да нагласиме дека ова не е активност насочена против природата, туку одговорна постапка во ситуација кога безбедноста мора да биде приоритет, велат од претпријатието.

Се обврзуваат, во координација со граѓанската иницијатива „Збогум Буково” да засадат нови садници на просторот оваа есен.

Апелираат јавноста да не носи избрзани заклучоци, туку да ги земе предвид фактите: дрвјата претставуваа опасност, постапката е спроведена со одобрение, а просторот ќе продолжи да се уредува со нови садници и грижа за зеленилото. Додаваат дека остануваат отворени за соработка со граѓаните, здруженијата и сите добронамерни чинители кои сакаат да придонесат кон безбедна, чиста и зелена средина во Охрид. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ЈП „Билјанини извори“

Post navigation

Previous Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани
Next Искосен мал дел од зелениот појас на поранешното игралиште кај Историски архив – граѓаните бараат целосно уредување (Фото)

Слични вести

Искосен мал дел од зелениот појас на поранешното игралиште кај Историски архив – граѓаните бараат целосно уредување (Фото) Искосен мал дел од зелениот појас на поранешното игралиште кај Историски архив – граѓаните бараат целосно уредување (Фото)
1 min read

Искосен мал дел од зелениот појас на поранешното игралиште кај Историски архив – граѓаните бараат целосно уредување (Фото)

Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани
1 min read

Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани

Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в

Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.