Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Вештачка интелигенција запеа на македонски: Преку проектот на Иле Спасев и Ристо Катевеновски Македонија ги доби првите AI вокали

Вештачка интелигенција запеа на македонски: Преку проектот на Иле Спасев и Ристо Катевеновски Македонија ги доби првите AI вокали

1 min read
Вештачка интелигенција запеа на македонски: Преку проектот на Иле Спасев и Ристо Катевеновски Македонија ги доби првите AI вокали

Скопје, 7. ноември 2025 (ИНПРЕС) – Македонската музичка сцена добива нова, современа димензија! За првпат кај нас се појавуваат АИ вокали – иновативен музички проект што обединува вештачка интелигенција и човечка креативност, создавајќи оригинални вокални изведби и модерен звук каков што досега не сме слушнале.

Музиката и текстовите се заедничко дело на Ристо Катевеновски и познатиот македонски продуцент Иле Спасев, кој го потпишува и аранжманот.

– Првичната идеја за овој проект е на Иле. Феноменален музичар и продуцент. Му понудив да направи аранзжман за неколку мои композиции, а тој ми понуди АИ-вокали. Прифатив и така започна се. Заедничкиот проект трае пет месеци и мислам дека е револуционерен во македонската музичка продукција,вели еден од авторите на песните, Ристе Катевеновски.

Во рамки на овој пионерски проект се создадени неколку оригинални песни, кои веќе се објавени на YouTube платформата.

Секоја нумера носи своја енергија и порака – од современи поп ритмови, до емотивни балади што го претставуваат духот на новото музичко време.

– Технологијата напредува неверојатно брзо, а со неа и музичката АИ-технологија. Со Ристо решивме да дадеме шанса на ваквите АИ-пејачи и да видиме колку далеку може да се оди. По неколку месеци работа и илјадници проби, добивме резултат што звучи изненадувачки реално. Слушателите сами ќе одлучат дали ќе препознаат разлика меѓу „вистински“ и „вештачки“ пејач – сè е достапно на нашиот YouTube канал „Martin & Martina, изјави Иле Спасев.

Очекувано, се предвидуваат различни реакции од јавноста, бидејќи станува збор за нешто сосема ново и невообичаено за нашите простори – но единственоста е токму во тоа. Овој проект ја менува перцепцијата за создавање музика и отвора врати кон иднината.

Особено важно е да се истакне дека сите песни се отворени за соработка со пејачи – без разлика дали се македонски или странски изведувачи, професионалци или млади таленти кои сакаат да се занимаваат со музика. Доколку некој препознае песна што му се допаѓа, може директно да го контактира продуцентот за договор околу соработка и реализација. Целта е музиката да живее, да се споделува и да инспирира нови гласови и приказни.

Со овој проект, Македонија го прави првиот чекор во новата ера на музичката креативност, каде технологијата и уметноста се спојуваат во хармонија. Почнува едно сосема ново музичко поглавје. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Поради дефект прекин во водоснабдувањето во село Пештани
Next Стружанецот Ердал Лушо дел од трката „Светски предизвик на Атлантикот“, ќе едри од Португалија до Карибите, стартот закажан за утре

Слични вести

ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи

Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила

Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила

Се гради модерна водоводна мрежа во Струга Се гради модерна водоводна мрежа во Струга

Се гради модерна водоводна мрежа во Струга

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.