Струга, 28. април 2025 (ИНПРЕС) – Во завршна фаза е целосната реконструкција на автокампот „Ливадишта“ во село Радожда, Струга.
Управителот на „ЕСМ Молика“ Битола, Горан Исков, со дел од одговорните вработени лица изврши увид и технички прием. Целосната реконструкција на автокампот е предвидено да биде завршена во наредниот месец.

Со ова, автокампот „Ливадишта“ ќе биде отворен за сите домашни и странски посетители, овозможувајќи модерни и обновени услови за престој и одмор. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива







