Кочани, 17. март 2025 (ИНПРЕС) – Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов поднесе неотповиклива оставка од функцијата.
– Нема зборови што можат да ја опишат мојата болка! Но, во овие моменти, мора да покажеме доблест, да манифестираме црлосна одговорност и да покажеме разлика во начинот на постапување. Со нашето однесување мора да дадеме пример дека се спротивставуваме на системот кој не функционира. Доколку постои било каков основ за одговорност кај мене, го повикувам обвинителството да го испита тоа и да постапи согласно законите, напиша Папазов.
Побара од сите надлежни институции да ја испитаат одговорноста на сите инволвирани, да се истражат сите детали, да се најдат сите пропусти, а сите лица што придонеле кон оваа трагедија мора да одговараат. Вели дека се става целосно на располагање на институциите, иако како што истакна според закон немал директни надлежности во овој случај, подготвен е да одговори на сите прашања. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива







