Охрид, 29. април 2025 (ИНПРЕС) – Охридскиот Црвен крст објави литературен и ликовен конкурс на тема „Глас на хуманоста“.
Конкурсот е во рамки на програмските активности за развивање на креативниот дух и подигнување на свеста за учество во хуманитарни активности – со промоција на хумани вредности и творечки елан кај целата популација, особено кај младите и децата во нашата потесна и поширока заедница – Програмата „Најди време“ – грижа за стари лица и Клубот на млади при Црвен крст Охрид.
Право на учество имаат учениците од основните и средните училишта на општините Охрид и Дебарца, како и други заинтересирани граѓани. Може да се учествува со: поезија, проза и ликовна уметност.
– Творбите се доставуваат во просториите на Црвен крст Охрид, улица. Димитар Влахов бр. 52 или на мејл ohrid@redcross.org.mk. Творбите треба да бидат потпишани од авторот со податоци за име и презиме, возраст, училиште-одделение/клас, контакт телефон и адреса на живеење, информираат од Црвениот крст.
Краен рок за доставување е 23-ти мај. Пристигнатите творби ќе ги разгледува и оценува стручна комисија, а наградените ќе бидат објавени на 26-ти мај.
Свеченото доделување на наградите ќе се одржи на 28-ми мај во Црвен крст Охрид, со почеток во 12:00 часот. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива