Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Милион денари поддршка од Општина Охрид за семејствата на настраданите и повредените во пожарот во Кочани

Милион денари поддршка од Општина Охрид за семејствата на настраданите и повредените во пожарот во Кочани

1 min read
Милион денари поддршка од Општина Охрид за семејствата на настраданите и повредените во пожарот во Кочани

Локална самоуправа, Општина Охрид

Охрид, 26. март 2025 (ИНПРЕС) – Советот на Општина Охрид на денешната 55-та вонредна седница донесе одлука за одобрување на финансиска помош во износ од 1.000.000 денари за семејствата на настраданите и повредените лица во пожарот што на 16-ти март се случи во Кочани.

Во овие средства е вклучена и сумата која требаше да биде наменета за традиционалната Ифтарска вечера која поради овој трагичен настан нема да се организира оваа година.

– Во заедничка согласност со Исламската верска заедница од Охрид одлучивме тие средства да бидат пренеменети за финансиска помош за семејствата на настраданите и повредните во пожарот во Кочани. Општина Охрид ќе ја упати финансиската помош на сметката за солидарна помош при Црвениот крст на Македонија. Финансиските средства ќе бидат исплатени од Буџетот на Општина Охрид, информира градоначалникот Кирил Пецаков.

Седницата започна со едноминутно молчење во чест на загинатите лица во несреќата. Градоначалникот Пецаков во негово лично име и во име на охриѓани упати најдлабоко сочувство до семејстата на настраданите, а на повредните желба за побрзо оздравување. Пореача да бидеме сплотени и солидарни и заедно да ги надминеме последиците од оваа голема трагедија. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Одлични резултати на охридските теквондисти на Државното првенство во традиционално таеквондо
Next Утре на охридскиот аеродорм пристигнува првиот авион на Turkish Airlines на летот од Истанбул до Охрид

Слични вести

Јакимоски: Група ентузијасти без музичка наобразба го формиравме ВИС „Соколи“, настапувавме на игранки што за тогашната младина беа доживување Јакимоски: Група ентузијасти без музичка наобразба го формиравме ВИС „Соколи“, настапувавме на игранки што за тогашната младина беа доживување
1 min read

Јакимоски: Група ентузијасти без музичка наобразба го формиравме ВИС „Соколи“, настапувавме на игранки што за тогашната младина беа доживување

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење во градот ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење во градот
1 min read

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење во градот

Утре започнува фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“ Утре започнува фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“
1 min read

Утре започнува фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.