Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Мобилна пристапна рампа и лупа за читање за лицата со оштетен вид донирани на СОСУ „Св.Кирил и Методиј“

Мобилна пристапна рампа и лупа за читање за лицата со оштетен вид донирани на СОСУ „Св.Кирил и Методиј“

1 min read
Мобилна пристапна рампа и лупа за читање за лицата со оштетен вид донирани на СОСУ „Св.Кирил и Методиј“

Охрид, 29. мај 2025 (ИНПРЕС) – Ученичката заедница при СОСУ „Св.Кирил и Методиј“ од Охрид, изработи видео за ретката болест Спинална мускулна атрофија.

Во знак на благодарност училиштето го посети м-р Симона Јовеска-претседател на здружението СТОП СМА, д-р Маја Божиновска-Смическа- невролог, Гордана Лолеска-претседател на здружението „Ретко е да си редок“ и Сафет Алили, претставник на здружението LETZCare a.s.b.l – Luxemburg.

– Средбата беше остварена на иницијатива на здружението СТОП СМА кои беа особено воодушевени од трудот на нашите ученици. Тие изразија желба да се запознаат со “главните виновници” за изработка на оваа видео коешто беше прикажано и на Медицинскиот факултет во Скопје. На оваа средба учениците од здравствена струка одржаа кратка презентација за ова ретко заболување и поставуваа прашања до гостите за предизвиците со коишто се соочуваат во секојдневниот живот. Гостите направија и обиколка на нашето училиште и изразија огромно задоволство од просторните услови на училиштето, информираат од училиштето.

На иницијатива на претставникот на здружението LETZCare a.s.b.l – Luxemburg Алили на училиштето му беше донирана мобилна пристапна рампа и лупа за читање што се од особена важност со цел подобра пристапност на целото училиште и олеснување на следење на наставата кај лицата со оштетен вид. (Крај)

извор: ИнПрес фото: СОСУ „Св.Кирил и Методиј“

Post navigation

Previous Водостојот на Охридското Езеро е на 20 сантиметри под просекот за мај
Next Продолжува негативниот природен прираст во Охрид, во првиот квартал годинава е – 96

Слични вести

Јакимоски: Група ентузијасти без музичка наобразба го формиравме ВИС „Соколи“, настапувавме на игранки што за тогашната младина беа доживување Јакимоски: Група ентузијасти без музичка наобразба го формиравме ВИС „Соколи“, настапувавме на игранки што за тогашната младина беа доживување
1 min read

Јакимоски: Група ентузијасти без музичка наобразба го формиравме ВИС „Соколи“, настапувавме на игранки што за тогашната младина беа доживување

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење во градот ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење во градот
1 min read

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење во градот

Утре започнува фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“ Утре започнува фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“
1 min read

Утре започнува фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.