Мултикултурен настан утре во охридската Гимназија
April 28, 2025

Охрид, 28. април 2025 (ИНПРЕС) – Утре напладне во просториите на ОСУ „Св.Климент Охридски“ ќе се одржи културолошка манифестација „Да живееме едни со други, а не едни покрај други“.

На овој настан покрај запознавање со разноликоста на културите во нашата земја, присутните ќе имаат можност и да се запознаат со работата на охридската Гимназија. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива