Охрид кеј Македонија сонце гужва бродови катамарани
Скопје/Охрид, 27. февруари 2025 (ИНПРЕС) – Во текот на 8-та недела од 2025 година (од 17-ти до 23-ти февруари) во Република Македонија се пријавени 3.035 случаи на групни пријави за заболени од грип – заболувања слични на грип, 11,3 отсто повеќе во споредба со претходната недела, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
Од нив 1 697 лица се на возраст од 15-64 години, 712 кај деца на возраст од 5-14 години, 375 кај деца на возраст од 0-4 години и 251 се регистрирани кај лица на возраст над 65 години.
– Заболените се пријавени од 28 ЦЈЗ/ПЕ, Скопје – 620, Куманово – 374, Битола – 306, Тетово – 176, Струмица – 174, Кавадарци – 143, Штип – 137, Велес – 130, Гостивар – 126, Дебар – 119, Свети Николе – 108, а во останатите, бројот на заболени е ≤100. Во 3 извештајни единици се регистрира многу ниска, во 3 – сезонска, во 10 – средна, во 7 – висока, а во пет (Дебар, Ресен, Кавадарци, Кратово и Свети Николе) – многу висока активност на вирусот на грип, стои во извештајот.
Во сезоната 2024/2025 вкупниот број на случаи на грип/заболувања слични на грип изнесува 17.375. Во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 36,4%. Најмногу заболени сезонава се регистрирани овој месец, заклучно со 23-ти февруари.
Заклучно со 8. недела, во Република Македонија се вакцинирани вкупно 72 293 лица со бесплатна или комерцијална вакцина. (Крај)
извор: ИЈЗ фото: ИнПрес
