Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Нови 3.035 случаи на заболени од грип, во Охрид помалку од 100 новозаболени

Нови 3.035 случаи на заболени од грип, во Охрид помалку од 100 новозаболени

1 min read
Нови 3.035 случаи на заболени од грип, во Охрид помалку од 100 новозаболени

Охрид кеј Македонија сонце гужва бродови катамарани

Скопје/Охрид, 27. февруари 2025 (ИНПРЕС) – Во текот на 8-та недела од 2025 година (од 17-ти до 23-ти февруари) во Република Македонија се пријавени 3.035 случаи на групни пријави за заболени од грип – заболувања слични на грип, 11,3 отсто повеќе во споредба со претходната недела, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Од нив 1 697 лица се на возраст од 15-64 години, 712 кај деца на возраст од 5-14 години, 375 кај деца на возраст од 0-4 години и 251 се регистрирани кај лица на возраст над 65 години.

– Заболените се пријавени од 28 ЦЈЗ/ПЕ, Скопје – 620, Куманово – 374, Битола – 306, Тетово – 176, Струмица – 174, Кавадарци – 143, Штип – 137, Велес – 130, Гостивар – 126, Дебар – 119, Свети Николе – 108, а во останатите, бројот на заболени е ≤100. Во 3 извештајни единици се регистрира многу ниска, во 3 – сезонска, во 10 – средна, во 7 – висока, а во пет (Дебар, Ресен, Кавадарци, Кратово и Свети Николе) – многу висока активност на вирусот на грип, стои во извештајот.

Во сезоната 2024/2025 вкупниот број на случаи на грип/заболувања слични на грип изнесува 17.375. Во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 36,4%. Најмногу заболени сезонава се регистрирани овој месец, заклучно со 23-ти февруари.

Заклучно со 8. недела, во Република Македонија се вакцинирани вкупно 72 293 лица со бесплатна или комерцијална вакцина. (Крај)

извор: ИЈЗ фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Легендарниот актер Џин Хекман и неговата сопруга пронајдени мртви во нивниот дом
Next Претставата „Кумови“ од Душан Ковачевиќ утревечер пред охриѓани

Слични вести

Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“ Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“
1 min read

Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“

Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“ Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“
1 min read

Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“

Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“ Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“
1 min read

Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.