Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Од денес училишниот прибор со нови намалени цени од 10 и 15 проценти

Од денес училишниот прибор со нови намалени цени од 10 и 15 проценти

1 min read

Скопје, 15. август 2025 (ИНПРЕС) – Од денес почнува кампањата на Владата за намалување на цените на училишниот прибор за 10 и 15 проценти.

Имајќи предвид дека дел од трговците пред почетокот на новата учебна година енормно ги зголемуваат цените на училишниот прибор, со што директно влијаат за зголемување на трошоците на семејниот буџет на илјадници граѓани, Владата на последната седница донесе одлука и ги задолжи трговците да ги намалат цените за најмалку 10 и 15 проценти, која ќе важи од денес 15-ти август до 15-ти септември.

Во владиното соопштение стои дека трговците на големо ќе го намалат училишниот материјал за најмалку 10 проценти, додека во трговија на мало за најмалку 15 проценти.

– Со оваа одлука се намалуваат цените на ранци и ташни, тетратки, блокови, колажи, моливи и пенкала (економични, пластични), дрвени и мрсни боици, пластелин, теста за моделирање, подлоги, фломастери и текст маркери, темперни, акрилни, водени бои и четки, линијари и дидактички материјали, острилки и гуми за бришење, детски ножици, футроли и етуи, лепило, шестар, дигитрони, украсна хартија, папки и картонски ташни и материјали за изработка, како и други производи потребни за учениците, што ќе значи пониски цени и пристапност за сите наши граѓани, велат од Владата.

Исто така трговците се должни покрај новата намалена цена на производите да ја објават и старата цена која важела на 01.06.2025 година, која цена се зема како базична цена на која се утврдува намалувањето, потоа пред влезот во продажниот објект или на друго истакнато место во продавницата, треба да биде јасно и видливо истакнат плакат со формат од најмалку А3, кој ќе содржи натпис „Помалку трошоци, повеќе за тебе“, кој е објавен на веб страницата на Министерството за економија и труд, како и натпис: Попуст на училишен прибор од најмалку 15%.

Од Владата со апел да не се прават обиди за изигрување на одлуката, бидејќи Државната пазарна инспекција ќе следи на терен дали истата се почитува. Во спротивно ќе следуваат санкции, бидејќи секоја одлука донесена во интерес на граѓаните мора да се применува. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Вечерва детскиот фестивал „Весели ѕвончиња” на плоштадот „Вангел Наумоски“
Next Во септември Охрид домаќин на 24. Годишна конференција на Македонска берза во Охрид

Слични вести

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо
1 min read

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.