Охридскиот боксер Наум Стојаноски викендов учествува на Меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“
November 13, 2025

Охрид, 13. ноември 2025 (ИНПРЕС) – Младиот охридски боксер Наум Стојаноски од клубот „Алексо Огненоски“, заедно со останатите македонски репрезентативци викендов ќе учествува на 54 издание на Меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“ во Скопје.

Борбите ќе се одржат во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, во сабота е полуфиналето со почеток во 13:00 часот, а во недела финалето во 15:00 часот. На турнирот се пријавени 46 боксери од 8 држави.

По учеството на „Златен гонг“, Стојаноски заминува за Лозница, Србија на еднонеделни подготовки по што ќе се натпреварува на Меморијалниот турнир во знак на сеќавање на легендите на лозничкиот бокс. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива