Охрид/Скопје, 17. ноември 2025 (ИНПРЕС) – Младиот охридски боксер Наум Стојаноски од клубот „Алексо Огненоски“ освои сребрен медал на 54. Меѓународен боксерски турнир „Златен гонг“ што викеднов се одржа во Скопје.
Во финалето негов противник беше Рио Гордон од Англија и беа прогласени за најборбен пар. За жал во финалето не успеа да се пласира Енис Алиу, тој во полуфиналето загуби од Даврон Бозоров од Молдавија.

Стојаноски деновиве заминува за Лозница, Србија на еднонеделни подготовки по што ќе се натпреварува на Меморијалниот турнир во знак на сеќавање на легендите на лозничкиот бокс. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива







