Охрид, 11. август 2025 (ИНПРЕС) – Во текот на месец јуни Охрид го посетиле вкупно 40.276 туристи, од кои 10.357 биле домашни, а 29.919 се странски.
Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, вкупниот број на ноќевањата изнесува 87.423. Во однос на структурата на странските туристи најмногубројни биле Турците 9.623, следуваат гостите од Србија 2.538, од
Германија 2.493, Холандија 2.145, Полска 1.443, Франција 1.030…
На ниво на Република Македонија во јуни ја посетиле вкупно 126.415 туристи, од кои 25.369 биле домашни, а 101.046 странски. Биле остварени вкупно 243.157 ноќевања.
Во периодот јануари – јуни 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 13.5 %, кај домашните туристи има намалување за 2.5 %, а кај странските има зголемување за 19.7 %. Во периодот јануари – јуни 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 8,5 % така што кај домашните туристи има намалување за 1.1 %, а кај странските има зголемување за 13.3 %. (Крај)
извор: ИнПрес фото: ИнПрес







