Охрид, 4. август 2025 (ИНПРЕС) – Течат подготовките за третото издание на големата промотивно-спортска манифестација Ohrid Water Festival.
Oд 16-ти до 30-ти август Охрид повторно ќе биде домаќин на единствениот фестивал кој ги спојува водените спортови и културната програма. Градот во овие денови ќе живее со водените спортови и бројните едукативни и културно – забавни настани.
Во делот на спортските активности предвидени се меѓународен ватерполо турнир за ветерани, кајак, веслачка и едриличарска регата, пливачки митинг, куп во спортски риболов, СУП јога на вода, регата со традиоционални кајчиња…Централен настан ќе биде традиционалниот Охридски пливачки маратон, што ќе се одржи на 30-ти август.


За време на фестивалот покрај спортско-рекреативните активности се предвидени многу социјални активности, музика, документарен филм, изложби и презентација на традиционална храна и пијалоци од охридскиот регион,
Фестивалот има за цел промоција, популаризација и развој на водените спортови, заштита на Охридското Езеро и негова промоција, како и збогатување на туристичката понуда.
Комплетната фестивалска програма може да ја најдете на следниот линк. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива







