Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Ќе има мерки за училишната кошничка, се анализираат модели за цените во маркетите, порача премиерот Мицкоски

Ќе има мерки за училишната кошничка, се анализираат модели за цените во маркетите, порача премиерот Мицкоски

Скопје, 4. август 2025 (ИНПРЕС) – Премиерот Христијан Мицкоски најавува мерки поврзани со училишната кошничка, а вели дека се разгледуваат и неколку концепти за цените во маркетите, како и законските можности да се санкционираат оние субјекти кои во изминатиот период драстично ги зголемиме цените.

Во изјава за медиумите дадена денеска по почетокот на изградба на спортска сала во Воената академија во Скопје, Мицкоски рече дека се прави анализа за да се види за колку е зголемено се она што беше ограничено со мерките.

– Ги следиме цените во овие два месеца откако завршија мерките и правиме анализа на се она што беше ограничено за да видиме за колку наеднаш одредени правни субјекти ги зголемиле цените. Ќе излеземе пред нив со детална анализа за да им укажаме дека таков тип на однесување не само што нема да толерираме, туку и ќе ги искористиме сите законски можности што ни стојат на располагање – истакна Мицкоски.

Повтори дека се анализираат неколку модели коишто во одредени сегменти биле успешни и дека целта е овој пат да има целосно сценарио со кое ќе се стабилизираат цените.

Државниот завод за статистика пресмета дека во јуни цените на мало бележат годишно зголемување од 3,7 проценти, а инфлацијата дека е зголемена за 4,5 проценти. (Крај)

извор: Нова Македонија фото: архива

Post navigation

Previous Течат подготовките за третиот Ohrid Water Festival – ќе се одржи од 16-ти до 30-ти август
Next Во сабота на проф.д-р Светлана Мојсов ќе и’ биде врачена Светската награда на хуманизам

Слични вести

Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите
1 min read

Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.