Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Уникатно доживување за публиката приредија учесниците на 7. Меѓународен хорски фестивал „Гласот на Охрид“ (Фото)

Уникатно доживување за публиката приредија учесниците на 7. Меѓународен хорски фестивал „Гласот на Охрид“ (Фото)

1 min read
Уникатно доживување за публиката приредија учесниците на 7. Меѓународен хорски фестивал „Гласот на Охрид“ (Фото)

Охрид, 23. јуни 2025 (ИНПРЕС) – Уникатно доживување за публиката со впечатливи изведби, поздравени со долги аплаузи и овации приредија учесните на седмиот по ред Меѓународен хорски фестивал „Гласот на Охрид“, организиран од градскиот мешан хор Вокс Лихнидос.

Хорските ансамбли уште еднаш докажаа дека музиката не познава граници и дека и ако не разбираме некој збор, ја доживуваме нотата, секој на свој начин.

Диригентот на охридскиот хор м-р Бурим Хидри повеќе од задоволен од нивниот настап како домаќини, но и одличното претставување на гостинските хорови. Во црквата „Св.Софија“ присутните уживаа во настапите на „Атендите“ од Кикинда – диригент д-р. Билјана Јеремиќ, машкиот вокален ансамбл „Канон“ од Крагуевац предводен од проф. Ѓорѓе Цатиќ, „EduCantus“ од Ниш – диригент м-р. Мила Пужиќ, хорот на Средното музичко училиште „Пренк Јакова“, од Ѓаково, предводен од м-р. Кастриот Сада. Од Македонија настапија женскиот младински хор при МКЦ и мешаниот хор „Драган Шуплевски“ од Скопје, под диригентската палка на м-р. Сашо Татарчевски. Фестивалот го отвори младиот Александар Гавриловски на пијано.

– И оваа година на фестивалот понудивме хорски композиции од различни музички жанрови, од класична музика до современи аранжмани. Голема  благодарност за поддршката упатуваме до Министерство за култура и туризам, Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија и Општина Охрид. Нашиот репертоар беше специјално подготвен за фестивалот. На особено задоволство премиерно во Македонија ја изведовме композицијата „Бум та ка бум“ посветена на хорот, од македонскиот композитор Гоце Гавриловски. Со оваа композиција се натпреварувавме на фестивал во Ниш, каде добивме Повелба за негување и унапредување на македонската хорска музика, истакна Хидри за Супер радио и InPress.

Со ова хорот Vox Lychnidos заокружи уште една хорска сезона, вткаена во повеќегодишната успешна хорска приказна, со бројни настапи низ Македонија, но и надвор. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Голабоски: И годинава традицијата продолжува, 6. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото
Next Минатата година во Охрид починале 621 лице

Слични вести

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ
1 min read

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил
1 min read

Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.