Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Утре ќе се одржи Илинденскиот пливачки маратон, пријавени се 62 учесници

Утре ќе се одржи Илинденскиот пливачки маратон, пријавени се 62 учесници

1 min read
Утре ќе се одржи Илинденскиот пливачки маратон, пријавени се 62 учесници

Охрид, 1. август 2025 (ИНПРЕС) – По традиција, утре на празникот Илинден ќе се одржи 46. Илинденски пливачки маратон во организација на пливачкиот клуб „Охридски бранови 2008″ од Oхрид.

Како и секоја година трката започнува од плажата Горица (Кај Дивоно) до кејот на Охридското Езеро (пред хотел „Нова Ривиера”). Патеката е во должина од 2,5 км.

Пријавени се вкупно 62 пливачи, 32 пливачи се во прва група а 30 пливачи во втора група, вели за Супер радио и OhridPress главниот судија на трката професорката Катерина Стојаноска.

– Пливачите се поделени во две категории и тоа 15 години и помали, но не помали од 10 години, и од 16 до 35 години. Првиот старт ќе започне во 10:00 часот (за повозрасната група учесници) додека вториот старт е од 11:00 часот (за помалата група учесници), вели Стојаноска.

Додава дека патеката ќе биде обезбедена со медицински и спасувачки екипи на Црвен Крст Охрид, а за регуларноста на трката ќе се погрижат два судиски тимови. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous 20-годишник приведен поради физичка пресметка со две малолетни лица
Next Вечерва самостојна изложба „Нурни во мене“ на охридскиот уметник Сашо Блажес

Слични вести

Утре прекин во водоснабдувањето на неколку улици Утре прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Утре прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Здравје: Прекумерното пиење овошни сокови, според хепатолозите, може да го оштети црниот дроб Здравје: Прекумерното пиење овошни сокови, според хепатолозите, може да го оштети црниот дроб
1 min read

Здравје: Прекумерното пиење овошни сокови, според хепатолозите, може да го оштети црниот дроб

Прекин во водоснабдувањето на улица „Гоце Делчев“ Прекин во водоснабдувањето на улица „Гоце Делчев“

Прекин во водоснабдувањето на улица „Гоце Делчев“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.